Португалскиот фудбалер во својата колекција веќе има неколку баснословно скапи возила…
Ѕвездата на Јувентус, португалскиот маестро во копачки, Кристиано Роналдо, е позната по својата фасцинација со скапи и супер брзи автомобили.
Најновата „играчка“ што ја нарача и плати 8,9 милиони долари ќе му биде доставена во 2021 година! Станува збор за моделот „бугати чентодиечи“ („бугати сто и десет“) кој е направен како дел од 110-годишнината од компанијата „Бугати“.
Она што е особено важно во целата приказна е дека Роналдо успеал да грабне една копија од само десет што ќе бидат изработени! Роналдо на тој начин ќе има една од најексклузивните гаражи во светот! Таа веќе содржи непроценливи примероци, кои би биле сон на секој колекционер.
Така, Роналдо веќе е сопственик на „Бугати Вејрон“, потоа „Бугати Широна“, чудесниот „Мекларен сена“, дури и два „Ламборџини Авентадор“, „Ферари Ф12 тдф“, но и „камара“. Неодамна, за неговиот 35-ти роденден, девојката на Роналдо, Џорџина Родригез му подари „Мерцедес Бенз Г класа“, но кој го доработил „Брабус“!
Според италијанскиот печат, Роналдо исто така , фрлил око, и на во моментов најексклузивниот автомобил на светот, „bugati la voiture noar“, кој ќе биде направен во само една копија.
Како и да е,и овој модел, кој сега го набавил „EB 110“, не ништо е помалку посебен.Има 8,0-литарски мотор со 16 цилиндри и четири турбини.Развива неверојатни 1.577 „коњска сила“. Достигнува 100 километри на час во 2,5 секунди, а неговата максимална брзина е околу 400 километри на час.