(ФОТО) Старински рецепт кој се топи во уста: Жарбо пита

Едноставен колач со ореви и мармалад што сите го сакаат.
Состојки:
400 гр брашно
1 маргарин
2 лажици шеќер
1 дцл млеко
1 квасец
За полнење:
150 гр ореви
мармалад
малку рум
Подготовка:ставете ги квасецот и шеќерот во топло млеко. Оставете квасецот да нарасне. Потоа додадете брашно и маргарин, и замесете тесто. Поделете се’ на три дела. Расукајте го првиот дел од тестото, ставете го во тава за печење, па намачкајте со џем, ореви и рум. Повторете го истото и со вториот дел од тестото, и ставете го третиот дел одозгора. Печете на 180 ° C околу 40 минути. Печениот колач-пита премачкајте го со глазура од чоколадо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …