(ФОТО) Славниот тенор потклекнал на бројните обвинувања за сексуално вознемирување: “Искрено ми е жал, ја прифаќам одговорноста!“

Американската агенција AP во август пренела дека девет жени рекле дека оперскиот пејач сексуално ги злоставувал во 80-тите години. Неколку жени го обвиниле славниот Доминго за обиди да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги.
Познатиот шпански тенор Пласидо Доминго, кој во САД околу 20. жени го обвиниле за сексуално вознемирување, денес им се извинил на жртвите наведувајќи дека му е “искрено жал за нанесеното патење”.


“Сакам тие да знаат дека ми е искрено жал за патењето што им го нанесов. Прифаќам целосна одговорност за своите дела”, рекол Доминго, кој досега цврсто ги негирал обвиненијата.

Американската агенција AP во август пренела дека девет жени рекле дека оперскиот пејач сексуално ги злоставувал во 80-тите години. Неколку жени го обвиниле славниот Доминго за обиди да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги.



Исто така, некои жени навеле дека поради непримерните коментари на Доминго се чувствувале непријатно, а неколку луѓе од светот на операта рекле дека биле сведоци на непримерното однесување на славниот пејач кон помлади жени.


Доминго во октомври ја напуштил управата на Операта во Лос Ангелес, на чие чело бил од 2003-та година. Потоа одбил настап на Метрополитен операта во Њујорк, додека многу американски опери ги откажале неговите настапи. Меѓутоа, продолжил да настапува во Европа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …