(ФОТО) „Секој може да си го промени животот“: Од тежок зависник до диплома на факултет

Храбрата мајка на три деца дипломирала политички науки на Универзитетот во Вашингтон и сподели една од нејзините фотографии покрај друга фотографија направена во 2005. година, за која вели дека го покажува најинтензивното време на нејзината зависност.
„Оваа фотографија ги прикажува моите најлоши денови кога бев зависник од дрога. Двете фотографии покажуваат во која мера човекот може да го промени својот живот само ако сака и ако вложи напор”, вели Џини, која го раскажала своето патување.


„Мајка ми беше зависна и јас првпат се сретнав со дрога кога имав седум години. Веќе на 15. години бев апсолутен зависник од хероин”, вели таа, додавајќи дека растењето со мајка зависничка и шест браќа и сестри било хаотично.
За неа, дрогата била еден вид бегство од реалноста.
„Станував се што никогаш не сакав да бидам, а тоа за жал е слика на мајка ми“, се сеќава таа.
Таа го напуштила училиштето кога имала 10. години. Како стареела, така се влошувала нејзината состојба, а напуштањето на пеколот со дрога изгледал како невозможна мисија. На 20-годишна возраст, кога завршила во затвор, година и пол била без дрога, но брзо се вратила на старите навики. Набргу се омажила за човекот што ја малтретирал. Кога повторно била уапсена во 2012. година, и било кажано дека нема да излезе толку брзо, што на крајот бил нејзиниот спас и пат кон нормален живот.
„Првите шест месеци беа најтешките бидејќи минував низ криза. Решив да преземам одговорност, да се сакам себеси и да се променам”, вели таа.
Во последните девет години, Бартон пешачи, планинари, вози велосипед и трча. Нејзините деца се нејзината поддршка и сака да ги охрабри и другите да се променат.

фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …