(ФОТО) Се „распиштолил“: Градоначалник дал интервју без панталони

„Долго ќе го памтам ова“, рекол фламанскиот политичар по грешката со гардеробата.
За градоначалникот на Антверпен, Бард де Вевер, новата година не почнала баш најдобро – тој бил фатен како дава интервју без важен дел од гардеробата – панталони.
„Носите убава кошула што веројатно ја носевте поради нас. Но, дали е можно да немате панталони “, го прашала водителката на Радио 2, Ким Дебри, во интервју кое било емитувано на Интернет.


Де Вевер, лидерот на сепаратистичката Нова фламанска алијанса и еден од најмоќните политичари во Белгија, направил почетничка грешка – тој дал интервју пред огледало, па на одразот можеле да се видат неговите голи нозе.
„Од каде знаеш?“, прашал Де Вевер. „По ѓаволите, затоа што седам пред огледало. Не се сетив на тоа. Оваа година започна многу непријатно и ќе го паметам ова долго време“, додал тој.
Лидерот на Француското либерално движење Жорж-Луј Бушер преку социјалните мрежи му понудил шорцеви на Ду Вевер во боите на белгиското знаме.


Фото: Скриншот/vrt.be/vrtnws/nl


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …