(ФОТО) „Се надевам дека ќе те силува“: Навивачките проговориле за злоставувањето кое го проживуваат

Навивачките кои можат да се видат на скоро сите натпревари во Америка, анонимно проговориле за сексизмот со кој се сретнуваат во својата работа. Во разговор за New York Times раскажале дека пијаните навивачи константно ги малтретираат, напаѓаат и сексуално злоставуваат, на
натпеварите и на другите настани.
Една од оние кои имале храброст да проговорат јавно е бившата навивачка Леброја Ли Холт. Рекла дека никаде и никогаш не го доживеала тоа што го доживувала во костумот на навивачка.
„Кога носите ’пуш ап’ градник и кусо здолниште, сите мислат дека самите предизвикувате. Никогаш не сум доживела нешто непријатно од луѓето со кои работевме, но со луѓето кои ’ќе се наполнат’ со пиво – да“, рекла бившата навивачка.
Друга навивачка, која посакала да остане анонимна, ја потврдила нејзината приказна и додала дека им дале совети како да се однесуаваат со навивачите, а меѓу нив и никогаш да не смеат да бидат безобразни и секогаш да бидат културни.

Brownie to my blondie 💋 #saintsgameday #salutetoservice #military


A post shared by Bailey Davis (@jacalynbailey) on


„Се надевам дека ќе те силуаваат“, тоа ни го довикуваа. Дури и’ нашите навивачи кога би се опиле ни довикува такви работи, а вам не ви се верува на тоа што го слушате. Тоа е дел од работата и сите очекуваат да го прифатите тоа. Никогаш немојте да бидете безобразни. Никогаш. Секогаш
бидете културни. Бидејќи ако нема навивачи не би ве било ниту нас, така треба да размислуваме. Сега ми е јасно дека не требаше да не учат како да се однесувме во такви ситуации. Требаше да ни кажат, кога некој не малтретира, да ги дигнеме рацете и да повикаме обезбедување. Тоа би го
порачала на 20. годишната девојка која бев“ рекла таа.
Водствата на клубовите наводно знаат низ што минуваат навивачките, но не реагираат.А од друга страна, од навивачките се очекува да ги анимираат навивачите во текот на натпреварот, разни приредби, забави, па дури и кај нив дома. Секој приговор од навивачките би бил игнориран.
„НФЛ и сите клубови ја поддржуваат праксата на чесно вработување.
Вработените и соработниците на НФЛ имаат прво на пријатна и позитивна работна атмосфера во која нема никакви облици на злоставување“ стои во одговорот кој НФЛ го испратил во New York Times.

🔆🇺🇸 #siesta #merica #beach


A post shared by Bailey Davis (@jacalynbailey) on

Приказната на New York Times е објавена неколку дена откако навивачката Бела Фејвис добила отказ бидејќи на Инстаграм објавила фотографија во бикини. Yahoo јавува дека жените во услужните дејности, стјурдеси и манекенки често се присилени да трпат сексуално злоставување на работното место.
„Сексуалното злоставувње не смее да биде цена која ја плаќате за да имате работа. Потполно е неприфатливо несаканото допирање на секој вработен, особено оние кои мораат да имаат контакт со клиентот“ рекла Делиа Колман од Здружението за еднакви права на вработените.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …