(ФОТО) Сама се породила а фотографиите се неверојатни!

23. годишната девојка за време на растењето се наслушала ужасни приказни за породувањето и,кога пристигнал нејзиниот ден,одлучила на своето бебе да му овозможи мирно доаѓање на свет. Хана Тејлор одлучила да роди сама, без медицинска асистенција…

Хана Тејлор (23) е една од оние жени кои во животот се наслушале премногу приказни за
трауматичните породувања и медицинскиот персонал, а отсекогаш ја следело чувството дека
децата со себе „ја понесуваат траумата од раѓањето“. Оваа млада инструкторка на јога од
Калифорнија одлучила својот син, малечкиот Коу, на свет да го донесе надвор, на чист воздух, во када. Исто така, не сакала никаква асистенција на медицински персонал, или било какво стручно лице.


Со неа биле само Тејлор Коучман (34) и нејзината пријателка Шеа Замара, а парот заедно му посакал добредојде на своето здраво дете тешко нешто помалку од 3. килограми.
Овој млад пар своето искуство го опишало како „неверојатно и волшебно’.
„Мојата мајка имаше трауматични искуства со мене и мојата сестра и, не го прифатив тоа добро. Растејќи слушав само страшни приказни за раѓањето и потоа го слушнав искуството на моја пријателка за ’слободно породување’.Почувствував дека тоа е баш за мене“, изјавила оваа новопечена мајка и додала дека ваков облик на породување не вклучува медицински елементи како лекови, анестезија или болничка атмосфера.


„Никој не ти говори за туркаш. Само го слушаш своето тело“ исткнала и додала дека сепак
претходно се едуцирала читајќи книги и темелно ги истражувала сите аспекти на „слободно
породување“.
Освен тоа, нејзината бременост пред самото породување била здрава и медицински редовно
следена.Нејзиното породување започнало околу 09.30 часот наутро. Во почетокот немала
намера да се премести во кадата, но подоцна ја донела одлуката дека сепак сака да оди во
када вон својата куќа која е споена на природни извори на топла вода. Имено, таму, и’
настанале фотографиите кои во само еден ден го обиколиле светот.
И’ новопечениот татко присуствувал на породувањето:„Ова беше најудесно искуство во мојот
живот. Никогаш порано немав слушнато за слободно породуавње но да го уловите синот во
своите раце беше навистина прекрасно. Го држев во раце и солзите сами ми потекоа. се чувствував како во сон“.


Слични емоции проживеала и Хана.
Мислам дека сите луѓе би требало да ги следат своите срца. Го направив само она што сметав дека е најдобро за моето дете. Слободното породување ми донесе искуство на светост и беше чудесно. Никогаш не сум се чувствувала толку поврзана со своето тело. Се чувствував благословено. Тој е толку прекрасен. Ја потценив сопствената моќ на љубов“, заклучила оваа новопечена мајка која се одлучила на овој храбар потег кој за неа се покажал многу функционален и навистина прекрасен.
Ама погледнете ги само тие фотографии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …