Една работа многу ги зближила…
Младиот човек зад корисничкото име JimNo споделил симпатична и допадлива приказна на Твитер и уште еднаш ја потврди теоријата дека „светот е мал“.
Почнал да се допишува со девојката преку апликација за состанување и случајно го споменал името на неговото куче, на што таа рекла дека неговото име е исто како и на нејзиното и дека се од ист вид – црн Лабрадор. И’ двајцата заклучија дека е чудно, особено затоа што името на кучето, Оникс, не е толку вообичаено. Открила дека го предала на посвојување, па не им требало долго време да сфатат дека JimNo е тој што му дал нов дом.
Been chatting to this girl on tinder for the past few days. Only turns out that I adopted her Labrador a few years ago 🥲 pic.twitter.com/F6OfRXKvcn
— JimNo (@JimNo1871) August 24, 2021
Отишле на состанок, двајцата и, се разбира, Оникс! „Многу солзи, прекрасни спомени и едно многу среќно куче“, напишал тој покрај фотографиите од кученцето што ги објавил на Твитер. Како што пренесува Mirror, тој открил и дека редовно се гледа со девојката.
Many tears, some great memories and one very happy dog 🥰 https://t.co/xzWPrFTrBF pic.twitter.com/6nN6nxJIkd
— JimNo (@JimNo1871) August 27, 2021
Фото: Илустрација