(ФОТО) ПОСРЕЌНИ ОД БИЛО КОГА – Тој има 72, а таа 41. година и заедно одгледуваат близначки: Рони Вуд поради нив се откажал од дрога и алкохол!

Рони Вуд и сопругата Сали прв пат се сретнале пред 10. години додека тој бил во брак со друга жена, а иако никој не мислел дека поради разликата во години нивната врска ќе успее, тие го докажуваат спротивното…
Рони Вуд и сопругата Сали се венчале во декември 2012. година после само шест месеци врска.


Поради големата разлика во години, легендарниот музичар има 72., а театарската продуцентка 41., многумина мислеле дека бракот нема да потрае. Но, тие денес се родители на тригодишните близначки Грејси и Али, а според последната фотографија која Сали ја ставила на Инстаграм, изгледаат посреќни од било кога и уживаат во секој момент што го минуваат заедно.

Овој пар првпат се сретнал пред 10. години кога Сали работела во театарот Royal Drury Lane, а Рони бил во брак со втората сопруга Џо Вуд.
Рони од бившиот модел се развел во 2008. година, а со Сали се „сплеткал“ три години подоцна. Брачните завети ги размениле во Лондон, на интимна церемонија, а на Рони кум му бил Род Стјуарт.

Сали неодамна изјавила дека би сакала повторно да роди близнаци.
„Би биле многу среќни ако тоа повторно се случи“, заклучила.

Рони кој е познат по хедонистичкиот начин на живот, кон крајот на минатата година изјавил дека се заситил од дрога и алкохол и дека сега сака да води помирен начин на живот. Додал дека понекогаш се напива чаша вино или пиво, но дека тоа е се’ што си го дозволува.
„Се заситив. Беше време да престанам“, заклучил славниот музичар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …