Опра Винфри на доделувањето на Оскарите се појави во елегантна комбинација, а многумина на социјалните мрежи ја пофалија нејзината витка линија.
Нејзиниот аутфит се состоеше од црно-бел фустан украсен со светкави детали на долниот дел, додека горниот дел се состоеше од бела кошула со „вградена“ вратоврска.
View this post on Instagram
Покрај колешката Вупи Голдберг, Опра имаше можност да го претстави настапот на Квин Латифа за време на церемонијата. Други презентери беа Селена Гомез, Џо Алвин, Лили-Роуз Деп, Вилем Дефо и Кони Нилсен.
Пред овој Оскар, Винфри присуствуваше на Оскарите во 2015 година кога го воодушеви црвениот тепих во елегантен долг фустан во боја на праска дизајниран од Вера Ванг.
Многу гледачи и корисници на социјалните мрежи коментираа дека Опра е послаба од било кога и ја пофалија нејзината фигура, за која неодамна проговори.
„Една од работите што ја сфатив првиот пат кога земав апчиња за слабеење беше дека сите овие години мислев дека слабите луѓе имаат поголема волја. Мислев дека јадат подобра храна, дека е полесно да се придржуваат до неа и дека никогаш не јаделе чипс, а потоа сфатив дека воопшто не размислуваат за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат веднаш штом се сити“, рекла таа.
View this post on Instagram
Опра претходно негираше дека зема лекови за слабеење, но неодамна откри дека почнала да ги користи и дека за краток период успеала да изгуби дури 20 килограми.
„Не можев повеќе да вежбам. Не можев да се качувам побрзо и да трчам побрзо. Морав да јадам само еден оброк на ден. Не можев да правам ништо друго”, објаснила таа.
За потсетување, Опра неодамна реши искрено да зборува за своето трауматично детско искуство и за врската со нејзината мајка Вернита Ли и признала дека е тешко да се најде позитивно сеќавање за неа.
Винфри не можела да ги задржи солзите додека разговарала за нејзината врска со нејзината мајка, која почина во 2018 година. Кога разговарала со др. Брус Пери, таа се присетила дека било тешко да се најде нешто позитивно да се каже за нејзината мајка кога била поканета да зборува за неа во црквата.
Фото: Принтскрин/Instagram