Вработените во старечки дом во Велика Британија ги замолиле пензионерите на табла да напишат пораки што би сакале да им ги пренесат на помладите генерации.
Сите одговори завршиле на Фејсбук страницата на домот и ги воодушевиле следбениците.
Маргарет им порачала на младите да ги трошат сите свои пари и да уживаат додека се млади, како и секогаш да чуваат чист образ.
Бет понудила само еден совет, кој стана вирален на социјалните мрежи.
„Држете ги нозете собрани!“, напишала Бет и ги насмеала сите.
„Секогаш размислувај пред да кажеш нешто, никогаш не легнувај без извинување ако си виновна за расправија и сврти го грбот кон расправијата наместо да ја продолжиш“, напишала на својата табла станарката Корал.
Том, кој позирал со широка насмевка, едноставно им посакал среќен Божиќ на младите.
„Бидете секогаш корисни, весели и среќни“, рекла Доти.
„Бидете свои“, напишал кратко Тони.
Најстариот станар Росалин има 104. години и исто така учествувала во акцијата.
„Јас им се восхитувам на младите за нивната независност. Тие не се плашат од ништо. Младите се многу помудри отколку што бевме во тоа време“, рекла таа.
„Не очекувавме дека пораките ќе привлечат такво внимание. Имаме неколку координатори за активности кои почесто ја користеа страницата за да им покажат на членовите на семејството кои не можат да ги посетат своите најблиски што правиме во домот. На почетокот на пандемијата, сакавме да им покажеме на сите дека сме со добро здравје и расположени“, објаснил директорот на домот.