(ФОТО) Полнет „расцветан“ леб

На трпезата, како предјадење или збогатување на свечено мени, добро ќе дојде еден леб со кашкавал, моцарела, кромитче со путер…
Изгледа комплицирано, но всушност е едноставно за подготовка, а вкусно…сликата говори повеќе од 1.000 зборови.
Доколку не сакате кромид лепчето ќе биде подеднакво вкусно и без него, а можете да зачините со магдонос, оригано…
Потребно е:
100 г. чедар, тенко исечен, или кашкавал по вкус
100 г. моцарела, тенко исечена
3 млади кромитчиња, ситно исечкани
1 округол леб од 400 г.
70 г. истопен путер
2 лажици сусам
2 лажици ленено семе
Подготовка: лебот исечете го по должина, а потоа и по ширина, да добиете коцки во големина на залачиња.Не сечете до крај, туку до долната кора, за да лебот остане цел и компактен и не се растури додека се пече.
Округло тавче покријте со алуминиумска фолија, три пати подолга од лебот.
Во исечениот леб ставајте парчиња кашкавал.
Потоа нанесете ја смесата со кромид, путер и семиња.
Кога ќе го исполните лебот, завиткајте го во фолија и ставете во рерна загреана на 180 степени и оставете да се пече 15. минути.
Одвиткајте ја фолијата и вратете во рерната на уште 10 минути додека не се истопи сирењето.
Послужете веднаш.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …