(ФОТО) Полна куќа: Еди Марфи позирал со своите 10. деца

Глумецот Еди марфи и неговата свршеница Пејџ Бачер пред три седмици добиле син.
На Марфи тоа му е 10. дете а второ со Бачер…

За Божик се собрале сите деца на Еди Марфи, а глумецот фотографиите ги споделил на Инстаграм.


Еди е во центарот на фотографијата и в раце ја држи 2-годишната ќеркичка Изи, додека веднаш покрај него е неговата 29-годишна вереница Пејџ Бучер, во чија прегратка спие нивното новородено синче Макс, кое има само три недели.


Со нив позираат и останатите осум деца на Марфи, кои ги има од претходни врски: 29-годишните Ерик и Брија, 28-годишниот Кристијан, 26-годишни Мајлс, 24-годишната Шејна, 19-годишната Зола, 16-годишната Бела и 11-годишната Ангела.
На фотографијата се и мајката на Еди и мајката на Пејџ.


Првото дете, Ерик, го добил во 1989. година, со Паулет МекНили, потоа Кристијан една година подоцна со Тамара Худ Џонсон, а потоа пет деца со Никол Мичел Марфи: ќерките Брија, Шејн, Зола, Бела и синот Мајлс. Со бившата спајсица, Мелани Браун ја има ќерката Ејнџел.

Фото:Инстаграм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …