(ФОТО) „Плачам крвави солзи“: Девојка за време на циклусот останала во шок…Докторите не виделе вакво нешто!

Добила ретка дијагноза
За време на менструацијата, жената доживува разни хормонални промени, но оваа 25-годишна девојка од Индија ги оставила лекарите во шок кога го презентирала својот случај.
Имено, таа дошла до Брзата помош, бидејќи наместо солзи, од нејзините очи излегувала крв. Таа немала никаква болка или непријатност, но се пожалила дека овој симптом го имала еден месец порано.

„Естрогенот и прогестеронот можат да го зголемат протокот на капиларите, што резултира во хиперемија, блокада и секундарно крварење од ектопичното ткиво“.


Таа беше подложена на разни офталмолошки и радиолошки прегледи и сите наоди беа апсолутно нормални. Немало внатрешно крварење, немало семејна историја на крварење на очите и немала проблеми со очите.


Лекарите сфатиле дека и двата пати се случиле „крвави солзи“ за време на менструацијата, со цел конечно да и дијагностицираат т.н. замена на менструацијата. Оваа состојба е опишана како „циклично крварење што се јавува за време на менструацијата од екстрагенитални органи“, а тоа е најчесто носот. Сепак, крварење може да се појави и од усните, очите, белите дробови и стомакот – се наведува. Иако точната причина сè уште не е позната, експертите веруваат дека ендометриозата или присуството на ендометријално ткиво во екстрагениталните органи може да биде активирач во развојот на заменската менструација.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …