(ФОТО) Пандемијата раздвоила браќа близнаци (73) па секој ден се среќаваат на границата

Поради пандемијата, тие не можат да се посетуваат еден со друг. И затоа, без разлика дали е сончево или дождливо, двајцата 73-годишни шведски близнаци се наоѓаат секоја сабота, секој на својата страна од границата, на мостот што ги поврзува Норвешка и Шведска.
Ола и Понтус Берглунд носат столици што се расклопуваат, сендвичи, термоси и многу добро расположение и се сместуваат секој од својата страна на границата, но не ги преминуваат белите линии исцртани на асфалтот.
„Не ни е дозволено да ја преминуваме границата. Морам да останам еден метар на моја страна, а тој метар на негова страна”, објаснува Ола додека норвешките и шведските знамиња се виорат на оградата на мостот на ветрот.
„Значи, има два метра меѓу нас“, се смее тој. И не само тоа. Покрај неговите нозе има обична бела линија. Од една страна е напишано „Norge“, од друга „Sverige“.


Ола живее во Халден, во југоисточна Норвешка, каде што одамна го однела љубовта. Понтус е на половина час возење до оддалечениот шведски град Стромстад.
Тие се идентични близнаци и секогаш се посетувале еднаш неделно. Пандемијата го спречила ова и тие сега се состануваат на стариот мост Свинсунд, кој го премостува фјордот меѓу двете земји.
На мостот, со два метра и една граница за физичка дистанца, тие ги прославиле своите 72. и 73. родендени на 20. април.
„Ова е многу невообичаено, но се навикнавме да се гледаме еднаш неделно и не сакавме да го запреме тоа“, вели Понтус од шведска страна. „Пандемијата не не запре и тоа е нашата победа“.
Иако состојбата со вирусот се менуваше со текот на времето, границата останува затворена цело време. Ова особено лути многу Норвежани кои имаат летниковци во Шведска, каде животот е поевтин.
Двајцата џентлеми со сива коса станаа и локални познати личности, па некои дури и возат со часови за да се фотографираат со нив. „За нас тоа не е важно, за нас е важно да можеме да се сретнеме и да разговараме за сè што сакаме“, вели Ола.



Заради нивниот привилегиран статус, двајцата повремено се наоѓаа во улога на добронамерни шверцери, како на пример денот кога едно кученце Понтус, родено во Шведска, било додадено преку границата на Оли за неговото ново семејство во Норвешка. Тоа им е најдраго сеќавање, велат тие.
Отако е пандемијата, тие својот неделен состанок го пропуштиле само три пати, поради тврдоглавата полиција која одбила да ги пушти на мостот.
Временските услови, од снежни бури до топлински бранови, не се пречка. Тие само се облекуваат според временската состојба. Понтус е разведен, живее сам и за него е многу важно да го види Ола. „Без тоа, ќе паднев во депресија“.
Дали му недостасува фактот дека не може да го прегрне својот брат? „Да“, одговара тој и заразно се смее. „Но, понекогаш се прегрнувам самиот себе затоа што сме исти“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …