(ФОТО) Ова е најскапата елка на светот: Еве зошто вреди скоро 14. милиони евра!

Повеќето украси се опточени со најскапите скапоцени камења
Најскапата новогодишна елка на светот, има украси во вредност од 13,95 милиони евра!
Изложена е во фоајето на луксузниот хотел „Кемпински“ во Марбела, Шпанија, за да го означи почетокот на сезоната на празници, и е толку вредна заради неговите исклучително вредни украси.
Сите тие биле лично креирани и цртани од британскиот славен дизајнер, уметник и експерт за дијаманти Деби Вингам, и таа ги нацртала повеќето украси со накит за дрвото.На дрвото се сместени и некои од најскапите уметнички дела ширум светот.
Деби сама направила дури 500 украси, и поканила уште неколку уметници да и се придружат и да придонесат да ја направат најскапата елка на светот најубава.

Декорациите вклучуваат исклучително вредни розови, црвени, бели и црни дијаманти, четири-каратни сафири и рециклиран накит на најпознатите брендови (Булгари, Картие, Шанел …), но и класична декорација и јадење традиционални слатки, без кои празниците не можат да поминат.

Деби Вингам го „запознала“ целиот свет кога ги направила најскапите чевли во светот пред две години, вредни повеќе од 15. милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …