(ФОТО) Откриена причината за смртта на Џејмс Кан


Актерот Џејмс Кан, кој се прослави со улогите во филмовите како „Кум“ и „Песната на Брајан“, почина на 6. јули на 82-годишна возраст, а сега и официјално е позната причината за смртта.

Оваа тажна вест потоа беше објавена на официјалниот Твитер профил на Џејмс, а деталите за неговата смрт тогаш се уште не беа познати.



„Со голема тага ве известуваме за смртта на Џими вечерта на 6. јули. Семејството го цени изливот на љубов и искреното сочувство и бараме да продолжите да ја почитувате нивната приватност во овој тежок период“, се вели во објавата на гореспоменатата социјалната мрежа.


Меѓутоа, сега е објавена причината за смртта на легендарниот актер.

View this post on Instagram

A post shared by TMZ (@tmz_tv)


Имено, TMZ дошол до документ во кој пишува дека Џејмс Кан починал како последица на срцев удар и коронарна артериска болест, а се наведува дека боледувал од хронична опструктивна белодробна болест.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Лас Вегас – И’ покрај болеста, Селин Дион уживала на концертот на Coldplay: Ги воодушевила фановите со своето танцување и добро расположение

На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ги засенила присутните со своите танцови …