(ФОТО) Омилениот филантроп всушност бил сексуален предатор – филмот открива детали

Џими Савил бил еден од омилените британски водители и диџеи на Би-Би-Си. За време на неговата долга кариера, тој станал познат како личност која се грижи за другите, често се занимавал со собирање пари за сиромашните и основал или барем помогна да се основаат неколку фондации.


Дури по неговата смрт била откриена мрачна тајна, над петстотини луѓе потоа откриле дека Савил сексуално ги злоставувал. Неговите жртви биле и деца, а најмладиот имал само две години.
Според извештаите на жртвите, страшните настани се случиле од 1955. до 2006. година.
Оваа страшна приказна предизвика скандал откако беше откриена од документарниот филм „Exposure: The Other Side of Jimmy Saville“. Сите биле шокирани кога дознале дека нивниот омилен хуманитарец и филантроп е всушност застрашувачки сексуален предатор.



Сега започна снимањето на првата играна драма за животот на Савил. Во контроверзниот филм „The Showdown“, Џими ќе го игра актерот Стив Куган, а неговата мајка Агнес ќе ја игра 78-годишната актерка Џема Џонс.
Многумина ги критикувале продуцентите што го снимиле овој филм без да размислуваат како жртвите би можеле да се справат со него, но тие истакнале дека многу внимавале да не навредат никого.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …