(ФОТО) Оливија е најсекси жена на светот!

Според магазинот „Мaxim” Оливија Кулпо е најсекси жена на светот за 2019. година.

На врвот на листата „Hot 100” на „Мaxim” за 2019. година се нашла убавата манекенка која се’ повеќе се обидува и во глумата.
„Секогаш листата ‘Maxim Hot 100’ ја гледав со восхитување“, напишала убавата манекенка покрај насловната на популарниот магазин за изданието јули/август и им се заблагодарила на сите кои ја инспирирале.

„Имаше многу убави и паметни жени кои ме инспирираа и мене и мојата кариера на неброено начини, што оваа насловна ми ја прави уште позначајна. Сеуште се’ ми се чини како нестварно“, додала покрај фотографијата која ја споделила.
Занесната бринета во 2012. година се закитила со титулата „Мис Универс“,а после разводот од НЛФ ѕвездата на „Детроит Лајонс“, Дени Амендол, повторно е слободна жена.
Кулпо ги красела и насловните на „Sport’s Illustrate”, а освен со манекенство се бави и со глума, како и бизнис, косопственичка е на ресторанот „Back 40” на Род Ајленд. Покрај тоа, дизајнирала и женска колекција во соработка со познатиот бренд „Express”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …