(ФОТО) НЕКОГАШ ГОЛЕМО КАКО МОРЕ, А ДЕНЕС „БАРА“: Езеро кое поради луѓето станува пустина и гробје на бродови

Сега тоа е Аралска пустина затоа што таму нема вода. Советските власти ги пренасочија реките Аму Дарија и Сир Дарја, кои го полнеа езерото, за да во оваа област одгледуваат ориз, лубеници, житарки и памук…
На границата на Казахстан и Узбекистан, среде азиските степи кои некогаш биле дел од Советскиот Сојуз, рибарската флота ‘рѓосува на површината што порано беше езерото. Десетици рибарски бродови се заглавени на километри од бреговите на некогаш четвртото најголемо светско езеро, Аралското Море, со површина од 68.000 квадратни километри.
Сега е пустината Арал затоа што таму нема вода. Советските власти ги пренасочиле реките Аму Дарја и Сир Дарја, кои го полнеле езерото, за да одгледуваат ориз, лубеници, житарки и памук во околината.

Каналите за наводнување владата почнала да ги гради во 40-тите години на минатиот век, а бидејќи биле слабо конструирани, тоа довело до големи загуби на вода, кај некои дури и 75 проценти. Во текот на следните 20 години, Аралното Езеро се намалувало, прво за 20 сантиметри годишно, а подоцна за 90 сантиметри.

Во исто време, соленоста на езерото се зголемила за пет пати и го уништила најголемиот дел од флората и фауната. Рибарската индустрија пропаднала, благодарение на што мештаните преживувале, а бродовите со кои се обиделе да се вратат на морето останаа заробени во калта додека езерото се исушувало. Таа област станала гробишта на бродови.
Поради отпадот испуштен во реките, земјата останала неплодна, со исчезнувањето на риболовната индустрија, невработеноста се зголемила и поголемиот дел од населението се иселило.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …