(ФОТО) НЕ СЕ ЗНААТ ПРИЧИНИТЕ – Ненадејно починал пејач на популарен бенд

Бројни обожаватели останале во неверување откако на медиумите и социјалните мрежи се проширила веста дека британскиот музичар Тони Луис, пејачот на групата ‘The Outfield’, ненадејно починал. Тој имал 62 години, пишува Mirror..


Омилениот пејач починал ‘ненадејно и неочекувано’. Тажната вест со јавноста ја споделил неговиот портпарол Бари Либерман. „Со голема тага и болка објавувам дека Тони Луис, главниот пејач на групата ‘The Outfield’ од 80-тите, почина ненадејно и неочекувано вчера на 62-годишна возраст во близина на Лондон“, започнал портпаролот на музичарот.

„Неговата музика ги допираше душите на луѓето низ целиот свет со децении. Она што го остави, ќе живее засекогаш преку неговото прекрасно семејство и легендарната музика. Семејството бара приватност во овој тежок период“, заклучува Бари.

Иако не е соопштена причината за смртта на омилениот пејач, многу фанови на социјалните мрежи ги искажуваат своите теории. Некои се толку убедени дека станува збор за самоубиство бидејќи пејачот немал сериозни здравствени проблеми, барем колку што знае јавноста. Другите се убедени дека станува збор за срцев или мозочен удар. Сепак, обдукцијата ќе ја покаже точната причина за смртта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …