(ФОТО) Не ни знаел дека во гаражата има автомобил вреден 300.000 евра

Вистинскиот идентитет и вредноста на автомобилот биле откриени дури кога сопственикот се обидел да го продаде возилото и се обратил кај експерти за проценка.
Еден човек во Австралија очигледно е роден под среќна sвезда. Тој одлучил да го продаде стариот прашлив „Субару“, кој веќе трипати ги сменил сопствениците.
Тој се надевал дека можел да добие околу 20. илјади австралиски долари. Меѓутоа, стариот автомобил, кој со години собирал прашина, бил продаден за 490.000 долари (околу 313.000 евра), откако експертите откриле дека е едно од возилата што ги управувале Колин Мекреј и Карлос Саинц на Светското рели првенство во 1994. година.

Вистинскиот идентитет и вредноста на автомобилот биле откриени дури кога сопственикот се обидел да го продаде возилото и се обратил кај експерти за проценка.
Тие брзо ја утврдиле вистинската вредност на Субаруто.


Автомобилот не бил во одлична состојба, но сепак е опремен со оригинален дволитарски „боксер“ мотор со турбо полнач и 6-брзински мануелен менувач, а има и оригинална сина надворешност.
„Импреза“ инаку била продадена на неименуван колекционер на аукција.


Фото: Lloyd Auctions

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …