(ФОТО) Наскоро MAC: Големите музички ѕвезди повикуваат на Регионална музичка свеченост!

MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа Skymusic која зад себе има дводецениско искуство во техничката продукција на најголемите регионални музички настани…
Љубителите на музиката од целиот регион наскоро ќе имаат можност да гласаат за своите омилени нумери и изведувачи, и со тоа да ги зголемат шансите на своите идоли да се запишат во историјата како први добитници на регионалните музички признанија MAC (Music Awards Ceremony).
Признанијата на најдобрите изведувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе бидат доделени на 29. јануари 2019 година, на спектакуларната манифестација во Штарк арената, на која ќе учествуваат повеќе од 60. познати личности од регионот.


Најголемите музички ѕвезди од нашите простори веќе ги следат MAC, а Горан Бреговиќ со фотографија ги повика љубителите на добрата музика и одличната забава да го проследат настанот. Воодушевувањето од идејата за прво доделување на музички награди стигнува од уште една голема регионална музичка ѕвезда – Тони Цетински:
„Долго регионот чекаше на настан каков што е MAC. Музиката ги спојува луѓето, и сигурен сум дека овој пат ќе нè спои на најдобар можен начин. Се гледаме на 29 јануари!“
Првиот, иницијален избор на нумери и изведувачи за MAC признанијата ќе го направат 220 радиостаници од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, раководејќи се од свои релевантни параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите. На тој начин веќе ќе се уважат мислењата на слушателите, но публиката ќе има и дополнителна можност да гласа за своите фаворити, што, исто така, ќе се земе предвид во конечните одлуки за победниците на категориите.

MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа Skymusic која зад себе има дводецениско искуство во техничката продукција на најголемите регионални музички настани.
Манифестацијата директно ќе ја пренесуваат телевизии со национална фреквенција од регионот, а најновите информации за MAC можете да ги следите преку страницата www.musicawardsceremony.com, како и на официјалните Фејсбук www.facebook.com/music.awards.ceremony и Инстаграм www.instagram.com/music.awards.ceremony профили.

Фото Skymusic: Горан Бреговиќ, Инстаграм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …