(ФОТО) Изложба на фотографии „Застанете со Украина“ на Крис Атовска во КИЦ на Македонија во Тирана

Украина е скоро една година во војна, секој ден слушаме и гледаме какви стравотии се случуваат во таа земја, приказни за нескршливиот дух на украинскиот народ – за венчавки, херојства, страдања…А, дел од сето тоа госпоѓа Крис Атовска, новинарка и воен известувач го претстави во македонскиот културно информативен центар во Тирана, Албанија…

This image has an empty alt attribute; its file name is izlozba-vo-KIC.jpg


„Пред многубројни гости и дипломати од повеке земји, вчеравечер во нашиот Киц во Тирана, новинарката и воен известувач од Украина,г. Крис Атовска ја претстави својата изложба на фотографии “StandWithUkraine” од нејзиното патешествие и воено известување од Украина. Таа исто така, прикажа трајлер за нејзиниот долгомотражен документарен филм. Украинскиот амбасадор во Тирана, господинот Володимир Шкуров, изрази голема почит и благодарност кон нашата земја, за сета помош во нивната борба за слобода“, забележа директорот на Култутно информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана на својот профил на Фејсбук….

This image has an empty alt attribute; its file name is izlozba-vo-kic-vo-tirana.jpg


Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …