(ФОТО) Со хумано селфи до многу насмевки: Cooking with Branko организира хуманитарна вечера

Во недела, 31.3.2019, ќе се организира прекрасна хуманитарна вечера под водство на Cooking with Branko. Темата уште е тајна, но вечерата ќе биде во Вила „Infinity” во Скопје, со почеток во 18.00 часот.


Картите преку кои ќе се донира и учествува на вечерата може да се купат https://kupikartizase.com/.


Бранко за самиот настан вели, „Да го направиме најхуманото селфи, и да споделиме многу насмевки, среќа и љубов со оние на кои што им е најпотребна. Сите собрани средства од овој настан ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Оваа вечер кујната на #cookingwithbranko ќе има тајна тема, а ваше е да уживате, да споделите хуманост и да бидете дел од најхуманото селфи во кујната на Бранко. На многу луѓе на оваа планета им е потребна љубов, топлина, топол оброк и насмевка. Се надевам дека желбата барем малку ќе им биде остварена и ќе придонесеме за радост во нивните домови и топли срца”.


Тој додава дека е многу благодарен на L’angolo di caffe за поддршката на настанот и за нивниот хуман гест. Според него треба да бидеме горди на себе и да споделиме добрина во секој момент.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …