(ФОТО) Хрватскиот музичар Кичо Слабинац приклучен на респиратор

Крунослав Кичо Слабинац кон крајот на јули бил на вградуање на три бајпаси. Сепак, состојбата се влошила, поради што тој бил поврзан со апарати за дишење, пишува хрватскиот весник „Јутарњи“.
Познатиот музичар беше опериран во Универзитетскиот болнички центар Загреб, каде не се опорави како што беше планирано, поради проблеми со заздравување на градната коска предизвикани од прекумерна тежина. После тоа, Кичо, како што пишува Јутарњи лист, добил болничка инфекција, а потоа и пневмонија.
Тој успеал да се опорави. Сепак, раната на градите повторно се отворила. Кога лекарите успешно ја залечиле раната, Слабинац повторно добил воспаление и на крајот завршил на респиратор.


View this post on Instagram

Tužan i sam čekam te ja… #kicoslabinac #croatia #muzika #tamburica #slavonija #love


A post shared by kico♡ (@kico_slabinac_fan_page) on


„За време на овие два месеци, семејството се подготвуваше за најлошото во неколку наврати“, изјавиле пријателите на Кичо за „Јутарњи лист“.
Тешко е за семејството на музичарот и затоа што не можат да го посетат поради ситуацијата со коронавирусот.

„Слушнавме дека тој е повторно свесен, дека може да комуницира со очите и повторно да се ракува… Тој сè уште не може да зборува поради цевката во грлото, но неговата состојба се подобри во последните неколку дена“, откриваат пријателите на легендарниот „беќар“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …