(ФОТО) Груевски со лисици на раце денеска на рочиште во унгарскиот суд

Унгарскиот суд денеска би требало да ја соопшти одлуката дали ќе дозволи екстрадиција на осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Будимпешта.

Како што информираат унгарските медиуми, тој денеска пристигнал во судот и го следел судењето со безбол капче и очила за сонце но и со палто врз рацете за да ги покрие лисиците.

Неговите адвокати побарале рочиштето да биде затворено за медиумите, а обвинителството се согласило.
Министерство за правда на Република Северна Македонија побара екстрадиција за Груевски за отслужување на двегодишната затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“.

Фото: hvg.hu

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …