(ФОТО) Ѓоко Ѓорчев концерт – „My way“:„Емотивен предизвик“ на свој терен!

Утре во Центарот на култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, Ѓоко Ѓорчев ќе има концерт заедно со неговите пријатели – Кристина Палија (сопрано вокал), Ирена Крстевска Стевановски (вокал), Филип Стевановски бенд…
„Многу сум среќен што ќе имам концерт токму на Божик.И тоа во мојот роден град, на сцената, на оние исти даски каде почнав да пеам и освоив награда за најдобар млад пејач во општината. Утрешниот концерт за мене има многу емотивно значење бидејќи концертот е во културниот дом каде настапуваа чичко ми, братучет ми…Ќе има многу емоции на концертот, но сето тоа ќе биде и еден голем предизвик достојно да им се претставам на моите сограѓани кои ме поддржуваа сиве овие години“ ни рече Ѓоко Ѓорчев пред утрешниот концерт во Неготино.
И, да нема нејаснотии, Ѓоко Ѓорчев го слави католичкиот Божик бидејќи неговата мајка  по потекло е од Хрватска. Но, поклопувањето на датите – Божик и термин на концертот беше сосема случајно бидејќи директорката на ЦК „Ацо Ѓорчев“ го одредила тој термин како погоден за концерт и забава во Неготино пред новогодишните празници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …