(ФОТО) Ештон Качер ем удрил момче со автомобил, ем добил прашање кое не го очекувал!

Ештон Качер со својата “Тесла” го удрил 19.годишниот Лео Маренги.
19.годишното момче се возело со својот скутер кога холивудскиот актер налетал на него со автомобил и го турнал на патот. Тоа се случило во Лос Анџелес пред филмското студио „Сансет Бронсон“.
Качер веднаш излегол од автомобилот да провери дали е Маренги добар. Лео го повредил коленото и немал поголеми последици, но сепак не можел да го пушти Ештон „да се извлече туку така”.


И покрај повреденото колено и фактот дека го удрил со автомобил неколку минути порано, Лео ја искористил можноста да го праша Ештон за фотографија.
“Ме удри денес автомобил…Но, во ред е, бидејќи во него беше Ештон Качер”, напишал Лео на Фејсбук и насмеал многумина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …