(ФОТО) Едвај преживеала 3 мозочни удари и инфаркт, а сега е подготвена за ново поглавје: Пејачката која ја следат 150 милиони луѓе гордо ја носи својата венчаница!


Американската пејачка и глумица Деми Ловато се омажила за пејачот Џордан Луц.
Деми Ловато и Џордан Луц се запознале во 2022 година. Соработката на нејзиниот албум „Holy Fu*k“ завршила во прекрасна љубовна приказна, а тој ѝ предложил брак во декември 2023 година.
Минатиот викенд, вљубените го кажале своето судбоносно „ДА“ во Калифорнија.
Пејачката за својот голем ден избрала креација од познатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд, а за „Vogue“ открила зошто токму тоа е нејзината венчаница.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)


Модниот тим на познатата дизајнерка од Лондон отпатувал во Лос Анџелес за да ја сошие оваа венчаница.
Како што вели пејачката, особено ѝ се допаднал корсетот, а самиот дизајн бил делумно инспириран од фустаните од 18 век. Откако завршиле со формалниот дел од свадбата, таа се пресоблекла во фустан без прерамки со монистра, исто така дизајниран од Вивиен Вествуд.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

„Монистрата и драперите се многу посебен елемент. Секој детаљ е прикачен рачно, еден по еден. Тоа е уникатно парче облека што ме прави да се чувствувам посебно“, изјавила таа за „Vogue“.
Да потсетиме дека Деми Ловато откри во 2021 година во документарната серија „Танцување со ѓаволот“ што ѝ се случило откако се предозирала во 2018 година.
„Доживеав три мозочни удари, имав срцев удар. Лекарите потоа рекоа дека ми остануваат уште пет до десет минути живот“, рекла таа во документарецот.

Дури имала и последици.
„Имам оштетување на мозокот и денес се борам со последиците. Не возам автомобил затоа што имам проблем со видот“, истакнала таа и додала дека долго време имала тешкотии со читањето:
„Навистина беше голема работа кога можев да ја прочитам книгата, да речеме, два месеци подоцна, бидејќи видот ми беше толку заматен“, истакнала таа.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ЛИЧНО ИСКУСТВО – Австриска инфлуенсерка завршила во болница откако била дрогирана и ограбена: „Мислев дека ќе умрам!“

Австриската инфлуенсерка и ријалити ѕвезда Ванеса Марипоса била итно префрлена во болница откако, како што …