(ФОТО) Даворин Боговиќ од „Прљаво Казалиште“ по прв пат ќе одржи концерт во Македонија

Сцена продукција оваа година со концерт ќе го одбележи својот втор роденден.
Првиот вокал и еден од основачите на еден од најпопуларните поп-рок состави во поранешна Југославија, загрепско „Прљаво Казалиште“ за прв пат ќе одржи концерт во Македонија и тоа ексклузивно во Битола.

This image has an empty alt attribute; its file name is davorin-bogovic.jpg


Даворин Боговиќ екс „Прљаво Казалиште“ на 17-ти август во Битола ќе го донесе својот црно-белсвет. „Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet“ се стиховите со кои Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста. Даворин Боговиќ и бендот на задоволство на сите ќе ги отпеаат хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „Mi plešemo“, „Crno-bijelisvijet“, „Sve je lako kad si mlad“ и десетици други песни кои ги знаат неколку генерации од овие простори.
– На 17-ти август конечно ќе имам концерт во Битола. Во Битола претходно бев со театарска претстава но ова е она вистинското. Ви ветувам добра свирка и забава. Почнуваме со старите хитови како „Mi plešemo“, „Crno-bijelisvijet“, „Sve je lako kad si mlad“… па се до поновите како „Moja voljena“, „Niz brdo od ljubavi“, „Ljubav vjerna kao pas“. Се радувам на скорото доаѓање! Дојдете да се дружиме во што поголем број, – вели Даворин пред концертот во Битола.

This image has an empty alt attribute; its file name is davorin-bogovic-1.jpg
Атмосферата ќе ја загрева метал сензацијата од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, една од најдобрите македонски метал групи ФАЏ (FUDGE), кои повторно се враќаат на сцената со концертни настапи.
По повод роденденот на Сцена продукција влезниците до 5-ти август беа по цена од 200 денари. Oд 6-ти август до денот на концертот цената ќе биде 500 денари. На денот на концертот истите ќе се продаваат по цена од 700 денари .


Ве очекуваме на Ракометно, заедно да ги пееме најголемите хитови од почетоците на „Прљаво Казалиште“, порачуваат од Сцена продукција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …