(ФОТО) Челичен и непоколеблив дедо: На 66. години победил на трка со велосипеди на која не бил примен – поради годините!

Во дамнешната 1951. година, шеесет и шестгодишен Швеѓанец по име Густав Хакансон се пријавил на трката со велосипед долга 1.764 км, но организаторите го одбиле затоа што тој бил премногу стар.


Сепак, тој се појавил во трката и учествувал вон конкуренција. После пет дена и пет часа возење велосипед, тој го преминал финишот многу пред сите други. Поради тој успех, како и поради неговата неверојатна упорност и решителност, тој добил прекар „Челичен дедо“. Густав живеел 102. години. Неговата сопруга починала една година порано на возраст од 105. години, тие биле погребани заедно со нивниот син кој имал само 15. години кога починал во Втората светска војна.


„Челичен дедо“ бил познат и како најстар уметник во светот, затоа што тој пеел црковни песни во старечки домови, па дури и снимил албум и со тоа стана најстариот уметник кој издал албум.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …