(ФОТО) Бесна мајка покажала зошто децата би требало да ги одбегнуваат просториите за пушачи!

Џакинта Ли Џој минатата недела наумила синот да го одведе на концерт, а се’ се претворило во вистинска катастрофа. Имено, додека настапувал бендот „Sons of Zion“, нејзиниот осумгодишен син Рајли почнал да кашла.
„Кажано е дека пушењето е забрането, но одеднаш сите извадија марихуана и цигари. Тој има астма па му ја дадов пумпичката и накусо седнавме. Кашлањето се влоши, сите пушеа“, раскажала Џој за Daily Mail.
Мајката со синот во таква состојба не можела да се пробива низ гужвата па го почекале крајот на настапот на бендот „Drax Project“. Кога публиката се разишла дошле до колата за брза помош.
„Тогаш веќе фаќаше здив. Беше во солзи и веднаш го споија на кислород и му дадоа лек за дишните патишта“, додала мајката.
Меѓутоа, на детето не му било подобро, нападите на астма се нижеле едне по друг па бил префрлен во болница.
„На концертот имаше многу деца. преку разглас неколку пати беше кажано дека пушењето не е дозволено. Бесна сум на организаторите кои тоа не го контролираа и барам одговори“, истакнува Џој.
Момчето се опоравило,а таа на Фејсбук објавила и фотографии како предпредување на другите родители поради што со децата би требало да одбегнуваат задимени простории во кои се пуши, особено ако децата се болни од хронични болести на дишните патишта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …