(ФОТО) Ајфеловата кула ја менува бојата – така отсекогаш требало да изгледа

Ајфеловата кула започна со најголемо реновирање во нејзината 130-годишна историја за да се најде во најдоброто издание за Олимписките игри во Париз во 2024. година. Меѓу другото, ќе добие златна нијанса.
Не само што ќе бидат отстранети сите 19. претходни слоеви на боја, туку и париската икона ќе остане без препознатливата кафеава боја што ја носи од 1968. година. Ќе биде заменета со жолто-кафеавата боја што Густав Ајфел ја сакал лично за неговиот споменик.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Cho JinHo | Jino’s 🇰🇷 (@jinos_moment_)


„На кулата ќе и се даде’златна нијанса’ на бојата што ја видовме досега, точно на време за Олимпијадата“, рекол Патрик Бранко Руиво, директор на компанијата што управува со кулата.
Реновирањето на кулата висока 324. метри, составена од 18.000 метални делови прицврстени со 2,5 милиони споеви, ќе чини 50. милиони евра.



Отстранувањето на старите слоеви на боја е ризично поради присуството на олово, затоа работниците мора да се придржуваат до строгите здравствени протоколи.
Ајфеловата кула добива нов слој на боја на секои седум години, како и заштита од ветер, сонце, загадување и корозија. Работите треба да завршат до крајот на следната година.

„Зошто Густав Ајфел избрал жолто-кафеава боја? Веројатно затоа што кулата би го рефлектирала целиот Париз, во кој доминираат градби од варовник“, изјавил Пјер-Антуан Гатиер, главниот архитект за реставрација на француските историски споменици, кој одлучил за промената на бојата.

Фото:britannica.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …