(ФОТО) 21. годишна медицинска сестра после се’ видено во борбата со корона вирус упатила писмо до британскиот народ:„Напишав тестамент!“

„Страшно е она што секој ден го гледаме, дури и оние со најмногу искуство велат дека такво нешто не виделе“, напишала Кејт
Медицинската сестра Кејт О’Флајерти (21) напишала тестамен и на своето момче му открила каде може да ја најде во случај таа да се зарази со коронавирусот и да умре.
Во отвореното писмо што таа го испратила до британскиот народ, младата медицинска сестра напишала: „Ако ви е тешко да замислите како им е на медицинските работници во овој момент, ќе ве нацртам – јас неодамна напишав тестамент“.
„Го скрив во мојата соба и му кажав на мојот дечко каде е случајно ако ми се случи нешто. Јас имам 21 година“, додала таа.
Кејт е во контакт со пациенти со коронавирус секој ден и стравува дека може да се зарази.


„Имам 21 година и сум на првата линија во борбата против пандемијата. Смешно е што луѓето од нас очекуваат да направиме чуда со плати близу до минимум. Страшно е тоа што го гледаме секојдневно, дури и оние со најголемо искуство велат дека не виделе вакво нешто“, напишала Кејт од Даблин.
Таа додала дека не сакале да бидат наречени херои и не им треба аплауз од балкони и прозорци.
„Ние сакаме да се борите за нас, за медицинските сестри, идните медицински сестри, негиватели и сите останати во оваа професија да ги добијат третманот и платите што ги заслужуваат“, додала таа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …