FICTION ИМААТ НОВА ПЕСНА !!!

„Брои до 3“ сеуште активно ја слушаме, а песната е хит кој високо котира на топ листите кај нас. Но, не само кај нас, туку и надвор од нашата земја песната бележи успех и е слушана. Имено „Брои до 3“ влезе во полуфиналето на конкурсот за наградата Милан Младеновиќ кој секоја година го организира невладината организација „Zadužbina Milana Mladenovića“ што е потврда за квалитетот на овој наш скопски состав.

И така, кога сеуште не сме си ги средиле импресиите и не сме се изнаслушале од „Брои до 3“ момците од Fiction ја објавуваат нивната нова песна Допир.


Допир е моќна рок нумера со извонреден текст, а Петар, Виктор, Филип и Теодор по којзнае кој пат ја покажуваат нивната кративна и музичка зрелост.

Уживајте во новата песна и се надеваме дека набрзо ќе можеме да ги слушнеме и видиме во живо на некој настап или фестивал.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …