Фестивалот на планински филм ЕХО патува во Штип

Со селекција од својата програма, ЕХО фестивалот на планински филм продолжува да се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови низ Македонија.

Фестивалот патува во Штип, во Домот на Млади, со почеток во 19:00 часот, со избор на филмови од последното 14то издание на ЕХО, а воедно ќе биде претставена и новата книга „Пат“ на Нејц Заплотник.


Гостувањето е во соработка со Aлпинистичкиот клуб Астрајон, Спортско качувачкиот клуб Астибо и здружението МТБ ШТИП. Покрај филмската програма членови на овие здруженија ќе претстават дел од своите интересни активности.

Влезот е слободен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …