Фејсбук преписка помеѓу Весна Петрушевска и Драган Спасов Дац:„Госпоѓа министерка“ не/е симната од репертоарот на МНТ

„Весна Петрушевска подготвува нова претстава во МНТ со нејзината приватна продукција каде нашиот театар и јас дадовме сесрдна поддршка“, вели Спасов…

Драган Спасов Дац, актер и директорот на Македонскиот народен театар вели дека претставата „Госпоѓа министерка“ на неговата колешка Весна Петрушевска не е симната од репертоарот и наскоро гледачите ќе можат да ја видат, но во првичниот сјај од времето на нејзиното премиерно издание.
Пред два дена, актерката Весна Петрушевска на својот фејсбук профил обвини дека претставата која има над 150 изведби не е ставена на репертоарот на МНТ, како и претставите „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ и „Брачна игра“.
Директорот Спасов Дац во својата порака до граѓаните, љубителите на уметноста и до верните посетители на Македонскиот народен театар вели:
„По изјавата на мојата драга колешка Весна Петрушевска, дека нејзината претстава ’Госпоѓа министерка’ е симната од репертоар, сакам да изјавам дека истата не е симната од репертоар! Претставата која беше во приватна продукција а пред некое време Весна изјави дека ја подарува на МНТ, ќе се игра! Во моментов МНТ има многу нови и квалитетни претстави кои мораат да имаат приоритет и се спремаат три нови претстави од кои едната е ’Мама миа’, мјузикл кој бара многу простор и време. Претставата ’Госпоѓа минисерка’ има своја публика и наскоро гледачите ќе можат да ја видат повторно. Во таа претстава се чувствува замор и ќе предложам да се среди сценографијата, костимите и да се направат неколку проби за истата да го добие првичниот сјај од премиерата“ вели Спасов Дац.
Некои злобници, како што додава, помислија дека јас имам нешто против мојата колешка Весна, па нив ќе им одговорам.
„Во моментов Весна Петрушевска подготвува нова претстава во МНТ со нејзината приватна продукција каде нашиот театар и јас дадовме сесрдна поддршка и гледачите наскоро ќе можат да ја видат на големата сцена“ вели Спасов Дац
„По над 150 изведби ’Госпоѓа Министерка’ не е ставена на репертоарот на мојот матичен театар МНТ .Само како потсетување имаше над 80.000 билети продадено и е независен проект што значи без пари од Министерство за култура во копродукција со МНТ,како впрочем и претставите кои исто не беа финасирани од Министерството за култура:’Кој се плаши од Вирџинија Вулф’,’Брачна игра’.
Па браво !Алал да ви е !“, напиша Петрушевска пред да биде демантирана од директорот на МНТ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …