Донација од 1100 книги од Витаминка за библиотека во Прилеп

Витаминка денеска ја предаде донацијата од 1100 книги во Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Донацијата содрживкупно 150 наслови од различни жанрови од домашни и странски автори, лектирни изданија, популарна литература, белетристика, детска и тинејџерска литература. Вкупната вредност на донацијата е 160.000 денари а од компанијата велат дека ова е само првиот чекор во популаризација на културата на читање и зголемување на значењето на библиотечната дејност во градот Прилеп.

„Како компанија со голема свесност за состојбите во општеството и воопшто во околината, со оваа донација сакаме да го свртиме вниманието кон значењето на едукацијата и читањето книги и да влијаеме врз зголемување на читачката култура. Потребно е посебно младите да се надградуваат себеси и да го спознаваат светот низ книгата и на тој начин да создаваат вистински и трајни вредности. Веруваме дека овој начин, преку популаризирање на културата на читање и создавање понуда во библиотеката од наслови и содржини кои одговараат на тековните интереси и преокупации на младите и на сите нас, ќе успееме да ја поттикнеме љубовта кон книгата и кон убавиот збор“, истакнаа Симона Симоновска Шеф на маркетинг во Витаминка.


This image has an empty alt attribute; its file name is knigi-2.jpeg

Изборот на авторите и насловите е направен во координација со библиотеката и според потребите од жанрови и изданија. Според директорката ова е значајно зголемување на книжниот фонд и тоа за сите профили на читатели.


„Донацијата од 1100 книги со 150 наслови, пред сè лектирни изданија, значително ја збогатува понудата на Библиотеката во одделот за деца. На овој начин учениците многу полесно ќе дојдат до бараната книга. За учениците кои се вљубеници во пишаниот збор, набавени се повеќе наслови на детски белетристички романи, енциклопедии.Ставен е акцентот на домашни автори, но и во исто време набавена е литератураи од странски автори. Сè на се, огромно благодарам на компанијата Витаминка за оваа вредна донација, од името на сите вработени во установата, и од името на учениците – наши читатели. Донацијата ќе ги краси полиците на Библиотеката со години. Влогот во младите,нови генерации чинам е највреден, а ефектите многукратни. Компанијата Витаминка и овој пат става печат на искреното пријателство соБиблиотеката Борка Талески- Прилеп. Таа е пример во заедницата за ефикасно вложување во рамките на политиките за општествена одговорност.Многу успеси на учениците, и многу успешни проекти на Витаминка во иднина. Во оваа пригода сакам да се заблагодарам и на градоначалникот Борче Јовчески за силната поддршка при реализација на овие активности“, истакна Моника Талеска, директорка на прилепската библиотека.

This image has an empty alt attribute; its file name is knigi-1.jpeg


Меѓу донираните наслови застапени се странски автори како Џ.К. Роулинг со серијалот Хари Потер како и други од светската белетристика, а од домашните само некои од авторите се Горјан Петрески, Ванчо Николески, Велко Неделкоски, со што се дава поддршка и за домашните автори и книжни изданија. Исто така, како најнови наслови кои досега не беа листирани во библиотеката, присутни е и новата македонска едиција „Светот на Биби и Боби“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …