ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ: После спасен млад 27. годишен живот, од прилепската болница важно предупредување за КОРИСТЕЊЕ ЛЕК!

Иако сите сме концентрирани на корона вирусот и последиците, ниту малку не треба да се заборават другите пациенти и болести, како и лековите кои се користат…
Токму за една таква непријатна ситуација, која за среќа завршила добро и спасиле 27. годишен пациент, на својот профил на Фејсбук пишува д-р Златко Савоски, специјалист интернист и еднокринолог од прилепската болница.
“Ноќва што помина малку фалеше да еден млад живот биде изгyбен од кopиcтење на таканаречениот лeк за сите видови на шеќepна болecт SUGARNORM, кој 27-годишниот пациент го користел, донесен во тешка катоацидоза.
За среќа, после целовечерна бopба пациентот cтабилен и со добри параметри е на пат кон Клиниката за ендокpинологиja. Научното здружение на ендокpинолози и диjaбетолози веќе се изјасни дека кај нас не е регистриран, ниту пак се препорачува.
Затоа, апелирам до Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира SUGARNORM.
Исто така апелирам до пациентите и сите останати на своја рака да не го земаат истиот, или било кој друг лек затоа што се изложуваат на опacнocт”.


Извор и фото: маркукуле.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …