Денеска се празнуваат Светите маченици Христофор, Теона и Антонин


Тројцата беа млади офицери кај царот Диоклецијан. Кога беше мачен Светиот великомаченик Георгиј, тие ги гледаа неговите маки и чудата што се извршија при тој настан. Кога го видоа сето тоа, излегоа пред царот и храбро го исповедаа името на Господ Исус. За ова беа подложени на големи маки и најпосле фрлени во оган, каде им изгореа телата, а душите им заминаа во вечната радост на Господ. Пострадаа чесно во Никомидија во 303 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во галерија МКЦ на 7ми мај ексклузивна изложба „Слика со песна“

Изложбата претставува уникатен културен настан со значење на редок временски артефакт, кој ги обединува ликовната …