Актерот Роб Лоу е снимен како џогира во близина на неговиот дом и сите оние кои го виделе не можеле да замислат дека овој човек има 61 година
Роб Лоу е актер кој одлично ја носи својата сива деценика. Неодамна бил фотографиран како џогира и сите што го познаваат велат дека е многу млад, речиси престанал да старее.
Сепак, не му дошло сè така лесно на Роб. Пред 20 години решил да ја промени исхраната.
„Сите стигнуваат до тој момент порано или подоцна кога ќе сфатат дека не можат да јадат како на факултет. Во тоа време не сфатив дека правам нешто радикално, но тоа дефинитивно ми го промени животот”, ја започнал својата приказна Роб Лоу за People.
Актерот одлучил да јаде малку јаглехидрати и останал фокусиран на таква исхрана речиси 20 години. Јаде посно месо и риба, многу овошје и зеленчук. Овој начин на исхрана му е многу пријатен, па во последните неколку години ја промовира Аткинсоновата диета со висока содржина на протеини и малку јаглехидрати.
View this post on Instagram
„Овој начин на исхрана ми дава многу повеќе енергија во текот на денот. Не сум уморен после оброците, фокусиран сум и можам да тренирам понапорно. Исто така сум послаб иако не сум на диета, само го следам овој план на исхрана”, рекол тој.
Роб Лоу има два сина и знае дека слатките се составен дел од исхраната на децата, а и самиот не бега од нив.
„Сакам пица, чизбургер, сладолед итн. Животот без тоа не вреди да се живее. Се работи за наоѓање рамнотежа и јадење сè, но умерено. Има денови кога имаш силна волја па се храниш само здраво. Се додека не дојдат деновите кога не можеш да одолееш на сладолед и начос и тоа е во ред”, рекол актерот.
„Се додека се придржувате до колку што можете повеќе здрава храна и избегнувате лоша – ќе бидете добро!“
View this post on Instagram
„Мораме да се грижиме за себе, да бидеме дисциплинирани. Мораме да спиеме доволно, да вежбаме и да јадеме здрава храна. Не се гледам себеси како професионален спортист, но ако не си легнам на време, не можам да очекувам да бидам полн со енергија следниот ден – едноставно е!”, вели Роб Лоу.
Аткинс диета која ја следат познатиот актер и неговите синови:
Забрането е да се јаде:
Леб
Компир
Брашно
Ориз
Соја
Грашок
Лебни трошки
Похувано месо
Тестенини
Кикиритки
Мушмули
Лешник
Виршли
Запршке
Млечни производи – млеко, сирење, јогурт, маргарин
Шеќери
Чоколадо
закуски
За да ја надополните потребата од горе наведените намирници, земајте витамини: Ц, Е, А, Б, калциум, магнезиум…
Оваа диета можете да ја следите онолку денови колку што сакате да изгубите тежина. Кога ќе ја достигнете саканата тежина, телото нема да се здебели одредено време, дури и година или две.
Внимание: Оваа диета не е за секого! Поради изобилството на протеини, луѓето со здравствени проблеми треба да се консултираат со лекар пред да започнат со диетата.
View this post on Instagram
Храна што можете да ја јадете
1. Сите видови месо
Говедско, пилешко, телешко, свинско, јагнешко, гуска, патка, мисирка, сите видови џигер, дивеч на сите начини – освен пржени – варени, печени, скара, може да се јадат и чварки но без леб, суво месо, колбаси освен виршли…
2. Сите видови риби
Морска риба, слатководна риба, сите видови конзервирана риба.
3. Сите видови салати
Свеж зеленчук, пиперки, свежи или печени, домати, краставици, свежа или кисела зеленчук, цвекло, салата од морска храна, салата од кромид, свеж спанаќ. Зачинете ги сите салати со масло, оцет, сол, бибер, со ајвар – по желба. Јајцата можете да јадете на секакви начини.
4. Сите видови на зеленчук
Карфиол, блитва, спанаќ, праз, кељ, кромид, зеље, артичока, модар патлиџан, морков, магдонос, целер, ротквици, печурки.
5. Можете да пиете
Минерална вода, лимон, црно кафе, секаков вид на чај без шеќер, половина литар бело вино или 1 литар шприцер, но после 6-ти ден од диетата.
Фото: Принтскрин/Instagram