Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Ѓокица Лукаревски


Ѓокица Лукаревски е роден во Скопје на 29 април 1951 година. Тој е македонски глумец, познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.

Една година по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во 1977 година во класата на проф. Илија Џувалековски се вработил во Драмски театар – Скопје. Со својата длабока доживувана глумечка интерпретација Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави каде толкува главни и споредни улоги.


Добитник е на бројни награди и признанија;

  • Главната глумечка награда на Меѓународниот театарски фестивал на детски претстрави во Котор – Црна Гора.
  • Награда за најдобро глумечко остварување Војдан Чернодрински (1984)
  • Прв добитник е на Наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“ што се доделува на традиционалната смотра на професионалните театри во Прилеп.
  • Награда за најпопуларно ТВ-лице на годината на “Екран” (1995)
  • Награда за најпопуларно ТВ-лице според списанието “Вечер” (1996)
  • Награда за најдобра улога на фестивалот во “Котор” (2010)
  • Награда за животно дело Анче Џамбазова (2020)
  • Награда за животно дело на фестивалот “Гола месечина” (2020).
  • Награда за животно дело “Свети Јоаким Осоговски” (2021).
  • Орден за заслуги за Македонија” (2024).

Среќен роденден Ѓокица ти посакува редакцијата на Екран.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …