Мајкл Вуд, таткото на познатата британска актерка Ејми Лу Вуд, за прв пат јавно проговорил за својот бурен живот, зависноста од алкохол и дрога и односот со неговата ќерка.
Имено, тој се огласил откако Ејми отворено проговорила за своето тешко детство, кое било обележано со однесувањето на нејзиниот татко и разводот на нејзините родители.
Мајкл во едно интервју признал дека поради неговите лоши животни избори, им предизвикал многу болка на своите ќерки Ејми и Емили. Тој рекол дека е свесен колку ги повредил во минатото и дека неговата зависност создала голем јаз меѓу нив.
„Поради мене минаа низ пекол и бев лош пример. Но, денес сум трезен 21 година и тоа ми овозможи да го обновам мојот однос со моето семејство“, рекол Мајкл.
Тој додал дека му олеснило кога Ејми јавно проговорила за своето минато, бидејќи тоа му дало можност повторно да стане дел од нејзиниот живот. Денес, тој гордо ги следи нејзините успеси и истакнува дека е благодарен што ја има покрај себе.
'I put them through hell': Aimee Lou Wood's father is 'grateful beyond words' for second chance with The White Lotus star after walking out on her as a toddler https://t.co/9y9qXa7jqK
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 27, 2025
Ејми Лу Вуд, која стекна меѓународна слава во серијата „Белиот лотос“, постојано нагласувала како семејните проблеми влијаеле на нејзиниот влез во светот на глумата.
По разводот на нејзините родители, Ејми и нејзината сестра Емили останале со нивната мајка. Иако имале очув кој го финансирал нивното образование, Ејми се соочила со предизвици на училиште, особено поради нејзиниот силен стокпортски акцент. Децата ја задевале за нејзиниот говор и изглед, што ѝ ја нарушило самодовербата и ѝ оставило впечаток дека нема да има шанса да успее како актерка.
Покрај тоа, како тинејџерка таа имала проблеми со нарушувања во исхраната и телесна дисморфија, и само преку години терапија успеала да се соочи со своите трауми.
View this post on Instagram
Нејзиниот татко, Мајкл Вуд, живеел бурен живот во деведесеттите години. Тој бил редовен посетител на ноќната сцена во Манчестер, дружејќи се со познати личности и фудбалери. Тој признал дека еднаш излегол на пиво, а потоа не се вратил дома еден месец бидејќи патувал во Јапонија за Светското првенство во 2002 година.
Таквото однесување довело до тоа неговата сопруга да го замоли да си замине од дома, што било пресвртница за него. Тогаш решил да побара помош и да го започне патот кон закрепнување.
View this post on Instagram
Денес, Мајкл живее помирен живот во Стокпорт со своите синови од вториот брак. Тој одржува редовен контакт со Ејми и Емили, за кои вели дека се неговата најголема среќа.
„И’ двете се прекрасни човечки суштества. Ејми е фантастична актерка, а Емили е успешна шминкерка. Горд сум на нив“, заклучил тој.
Фото: Принтскрин/Instagram