Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.
По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Илија Џувалековски, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. Тој имал одлична соработка со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин и Димитрие Османли. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија. Тој е препознатлив и по телевизиски екранизација, веќе долги години сихронизари турски серии за Сител Телевизија.
Награди:
- 1980 — Награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
- 1986 — најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“
- 2011 — Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
- 2020 — Награда „св. Јоаким Осоговски”
- 2023 – Орден за заслуги за Македонија
Среќен роденден Гоце ти посакува редакцијата на Екран.