Денес се сеќаваме на еден од основоположниците на македонската современа литература за деца Борис Бојаџиски

Борис Бојаџиски е роден во Охрид на 23 февруари 1915 година. Тој беше еден од основоположниците на македонската современа литература за деца.

Започнал да се занимава со литература додека бил во учителската академија во Шабац. Подоцна, како учител, напишал неколу приказни за деца. Учителствува по разни села на Охридско и Струшко, сѐ до почнувањето на војната, кога поради болест престанува да работи. Бојаџиски е добитник на бројни награди за неговата литературна активност.


Борис Бојаџиски е еден од првите новинари на весникот „Нова Македонија“, каде што зазема најразлични должности, од соработник, репортер до уредник на културната рубрика на весникот. По ослободувањето на Македонија, Бојаџиски бил еден од првите македонски автори за деца.

Од неговата богата библиографија ги издвојуваме следниве дела:


-Милка
-Првите цутови, „Кочо Рацин“, 1953
-Чекори што не можеа да запрат
-Над двете езера
-Денес, утре, задутре
-Ронки
-Галебово крило

Починал во Охрид на 9 мај 1959 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …