Денес се сеќаваме на актерот Митко Апостоловски

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Тој беше истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Апостоловски дипломирал на отсекот за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје, потоа една година работел во Народниот театар во Битола и 15 години во Народниот театар во Куманово, а од 1995 пак во битолскиот театар.


Апостоловски има остварено бројни филмски улоги:

1984 Белото циганче ТВ-серија
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1994 Проколнати ТВ-серија
1995 Заборавени ТВ-филм
1998 Денес утре ТВ-филм
1999-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2000 Што сонува кучето ТВ-филм
2004 Големата вода ТВ-филм
2005 Остани исправен ТВ-филм
2005 Обични луѓе ТВ-серија
2006 Стрмоглави ТВ-филм
2007 Јас сум од Титов Велес ТВ-филм
2007-2008 Македонски народни приказни ТВ-серија
2008-2011 Народни Приказни ТВ-серија
2010-2011 Од денес за утре ТВ-серија
2012 Трето полувреме ТВ-филм
2013 Умри машки ТВ-филм
2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм
2015 Медена ноќ ТВ-филм
2015 Последниот Македонец ТВ-филм
2015 Лазар ТВ-филм
2016 Обожение ТВ-филм
2016 Дома ТВ-филм
2016 Игра по прагот ТВ-филм
2018 Година на мајмунот ТВ-филм
2018 Сведокот ТВ-филм
2018 Ругање со Христос ТВ-филм


Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои:

-Награда за машка епизодна улога во претставата „Иванов“ за улогата на „Шабељски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“
-Награда „Ристо Шишков“ за најдобро глумечко остварување.
-Награда „4 Ноември“ на градот Битола


Починал во Битола на 5 август 2022 година, на 67 годишна возраст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …