Денес се сеќаваме на актерот Крум Стојанов

Крум Стојанов е роден на 6 март 1917 година во Скопје. Тој беше македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Во 1945 година се вработува во Македонски народен театар во Скопје. Од 1967 до неговото пензионирање работи во Драмски театар – Скопје. Тој е еден од малкумината македонски актер кој ја добил „Стериината награда за глумечки остварувања“.


Од богатата филмографија на Стојанов ги издвојуваме улогите во:

1957 Мал човек ТВ-филм
1961 Мирно лето ТВ-филм
1967 Павиљон бр. 6 ТВ-филм
1968 Планината на гневот ТВ-филм
1969 Време без војна ТВ-филм
1970 Книга за јов ТВ-филм
1970 Џорџ Дантен ТВ-филм
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1971 Веселиот Иван Гулабин ТВ-филм
1975 Јад ТВ-филм
1976 Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ-филм
1976 Сослишување на железничарот ТВ-филм
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм
1979 Наши години ТВ-серија
1980 Учителот ТВ-филм
1984 Диво месо ТВ-филм
1992 Тврдокорни ТВ-серија


Добитник е на следниве награди и признанија:

-Награда 11 октомври (1976)
-Награда златен медал “Љубиша Јовановиќ – Шабац за улогата во Диво месо (1980)
-Награда 11 октомври за животно дело (1981)


Починал во Скопје на 4 декември 1996 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …