Денес роденден слави нашиот виолинист Илија Филиповски

Илија Филиповски е роден на 4 април 1991 година во Скопје. Тој е познат македонски виолинист и музичар, кој е дел од Група Маестро.

Филиповски почнува да свири на виолина од својата најрана возраст. Својата кариета ја започнува во емисијата “Зајди зајди”, каде беше дел од оркестарот под раководство на Милан Завков, која се емитуваше редици години наназад.


Тој беше дел од оркестарот на фестивалите “Фолк Фест Валандово” и “Цветници”. Дел е од оркестарот на Националниот ансамбл “Танец” каде одржуваат концерти на различни делови од светот. Од 2012 година е дел од Група Маестро каде настапуваат на разни свечености, концерти и настани.

Среќен роденден Илија, ти посакува редакцијата на Екран.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …