D’Reamers ја објавија нивната седма песна “Мали нешта”

Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена “Мали нешта”. Таа е нивна седма песна по ред, и до овој момент како што е најавено од страна на членовите Синиша и Џејмс, преостануваат уште три песни до нивниот албум првенец.

За да самата песна звучи совршено се погрижија Дамир Пух и Наташа Миха каде целата замисла ја пренесоа преку продукцијата на GreenRoom Sound Studio. Спотот е снимен во просториите на Sound Clinic – Скопје, а за видео реализацијата беше задолжен тимот на “ProCam”. Исто така во самиот видео запис се јавуваат Кирил Билбиловски и Емил Ејупи кои со задоволство ја споделија нивната музикалност во самото издание и допринесоа за еден поинаков концепт од досегашните песни на D’Reamers.
Звукот и стилот на самата мелодија потсетува на сите големи Sanremo хитови кои ги одбележале изминативе декади, преку извонредните можности кои ги нуди современата технологија во музичкиот свет.
D’Reamers ни откриваат дека паралелно со “Мали нешта” се работи и на нивната осма песна по ред, која се очекува во најкус можен рок, а на вас останува да уживате во македонската музика и убавите звуци.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …